АСИО: Австралија е под „невидена“ закана од странска шпионажа

Австралија е под „невидена" закана од странска шпионажа и мешање, рече еден од највисоките началници на разузнавачката организација на земјата во понеделникот, објави Ројтерс.

Во редок говор на генералниот директор на Австралиска безбедносна разузнавачка организација (АСИО), Мајк Берџес рече дека голем број нации се обидуваат да влијаат врз законодавците, владините претставници, медиумските фигури, деловнителидери и академците.

„Нивото на закана со кое се соочуваме од странските активности за шпионажа и мешање во моментов е без преседан. Сега е повисоко отколку што беше во екот на Студената војна“, рече Берџес за време на говорот во Канбера.

Берџес не ги идентификуваше земјите што се обидуваат да се мешаат, но во септември Ројтерс објави дека австралиските разузнавачки агенции заклучиле дека Кина е одговорна за сајбер нападот врз австралискиот парламент и врз трите најголеми политички партии.

Кина ја негира одговорноста за нападот, кој се случи само неколку месеци пред општите избори во мај 2018 година.

Австралија одлучи да не го открива идентитетот на напаѓачите со цел да ги заштити трговските односи со Кина, извори запознаени со одлуката изјавиле за Ројтерс.

Кина е најголем трговски партнер на Австралија, купува повеќе од една третина од вкупниот извоз, вклучувајќи голем дел од железната руда, јагленот и земјоделските производи и испраќа повеќе од милион туристи и студенти секоја година во Австралија.

Берџес не именуваше конкретни напади врз Австралија, туку зборуваше за низа сајбер-напади.

АСИО откри случаи во кои странски шпиони патувале во Австралија со намера да постават „софистицирана хакерска инфраструктура“ таргетирајки компјутери кои содржат чувствителни и класифицирани информации, рече Берџес.

Говорот доаѓа само неколку месеци откако водечките универзитети во Австралија се согласиле да ги именуваат странските истражувачки партнери, да ги наведат финансиските договори со другите земји и да споделат сајбер-разузнавања со националните безбедносни агенции за да спречат странско мешање.

Австралија, стабилен сојузник на Соединетите Држави и нејзините засилени акции против Исламската држава во Сирија и Ирак, е во зголемена готовност заради напади од домашни милитанти. Ова воглавно се однесува на екстремисти кои се вратиле од борби на Блискиот исток или нивни приврзаници.

Потенцирајќи ја заканата од странските играчи, Берџес исто така рече дека се зголемила заканата од десничарските екстремисти, повикувајќи се на масовните пукања во двете џамии во Крајстчрч во март во 2018 година.

„Во предградијата околу Австралија, мали ограноци редовно се состануваат за да салутираат пред нацистичките знамиња, да вршат инспекција на оружјето, да тренираат во борба и да ја споделат својата идеологија на омраза“, рече Берџес.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе