Ашраф Гани: Заминувањето од Кабул беше најтешката одлука во мојот живот

Поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани му се извини на народот во Авганистан откако избега во Обединетите Арапски Емирати.

Фото: ЕПА

„Заминувањето од Кабул беше најтешката одлука во мојот живот“, рече тој, додавајќи дека му е жал што не можел тоа да го направи поинаку, пренесе Би-би-си.

Гани ненадејно го напушти Авганистан додека талибанските милитанти напредуваа кон Кабул на 15 август.

Тој рече дека немал намера да ги напушти своите луѓе, но дека тоа било „единствениот начин“.

Во изјавата споделена на Твитер, Гани рече дека немал избор и дека морал да ја напушти земјата за да избегне насилство од големи размери.

„Отидов по наговор на обезбедувањето на палатата, кое ме советуваше дека престојот ќе предизвика исти улични борби што се случија во градот за време на граѓанската војна во 1990-тите“, напиша тој, додавајќи дека го сторил тоа за да го спаси Кабул и неговите шест милиони жители.

Тој рече дека посветил 20 години за да помогне Авганистан да стане „демократска, просперитетна и независна држава“.

Гана повторно ги отфрли „неоснованите“ обвинувања дека отпатувал во Обединетите Арапски Емирати со околу 169 милиони долари.

Поранешниот 72-годишен претседател, кој беше жестоко критикуван од другите авганистански политичари за напуштањето на земјата, рече дека наскоро ќе зборува за настаните што довеле до негово заминување.

Говорејќи во живо на Фејсбук на 18 август, Гани рече дека неговите обезбедувачи го „принудиле“ да го напушти Авганистан, бидејќи „имало реални шанси тој да биде фатен и убиен“.

Кога талибанците влегоа во претседателската палата во Кабул, тој рече дека „почнале да го бараат од соба во соба“. Отфрлајќи ги наводите дека зел големи суми пари со себе кога ја напуштил земјата, Гани рече дека „не му било дозволено ни да ги соблече сандалите и да обуе чевли“.

Талибанците, кои ја презедоа контролата врз Авганистан во голема офанзива пред повеќе од три недели, во почетокот на оваа недела објавија формирање целосно машка, привремена влада за управување со земјата.

Во средата, десетици жени во Кабул и североисточната авганистанска провинција Бадакшан протестираа против новата влада, велејќи дека нема да прифатат влада без жени.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе