Не успеа да издејствува одложување на процесот

Асанж се појави пред лондонскиот суд, делуваше истоштено и збунето (ВИДЕО)

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж се појави денес пред судот во Лондон во рамки на постапката за негова екстрадиција во САД кои го обвинуваат за шпионажа, но не успеа да издејствува одложување на процесот за неговиот правен тим да има повеќе време да се подготви за случајот.

Асанж пркосно ја крена тупаницата кон поддржувачите кои ја исполнија галеријата на судницата за да го видат својот херој.

Изгледаше ослабен, но здрав, иако зборуваше тивко и од време на време изгледаше истоштено и збунето, јавува Би-би-си.

Асанж и неговиот правен тим не успеаја да ја убедат судијката Ванеса Барајтсер дека тримесечно одложување во инаку спориот процес е оправдано.

Бидејќи судијката одби да го одложи процесот, Асанж со нервозен глас кажа дека не ги разбира процедурите пред судот.

Тој кажа и дека неговиот случај „не е праведен“, бидејќи американската влада има „неограничени ресурси“, додека тој нема лесен пристап ни до адвокатите ни до документите кои му се потребни за борбата против екстрадицијата.

„Тие ја имаат сета предност“, истакна 48-годишниот Асанж кого САД го бараат поради објавување на десетици илјади тајни владини документи преку Викиликс.

Американската администрација го товари Асанж за заговор со поранешната аналитичарка на американската воена разузнавачка служба Челси Менинг за упад во компјутер со доверливи податоци во Пентагон. Обвинението беше објавено на 11 април, откако Асанж претходно истиот ден беше уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон во која се засолни во 2012 година, за да не биде екстрадиран во Шведска за обвинувања за сексуален напад.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе