Судијката соопшти

Асанж останува во затвор, одлуката за екстрадиција на 4 јануари

Британското правосудство на 4 јануари ќе донесе одлука за екстрадиција на основачот на Викиликс Џулијан Асанж во Соединетите Американски Држави, соопшти денес судијката задолжена за случајот.

EPA-EFE

Според судијката Ванеса Баретсер, 49-годишниот Асанж во очекување на судската одлука ќе остане во затвор.

Австралискиот новинар на 11 април 2019 беше исфрлен од амбасадата на Еквадор во Лондон во која се засолни во 2012 година и британската полиција веднаш го уапси.

САД побараа екстрадиција на Асанж кој се соочува со вкупно 18 точки од американското обвинение, а доколку биде осуден за шпионажа и објавување тајни државни документи, му се заканува повеќедецениска казна затвор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе