Асанж ја продолжува правната битка против екстрадиција во САД

Основачот на Виликилс Џулијан Асанж ја продолжи денес во лондонскиот суд својата правна битка против екстрадиција во САД, одложена поради пандемијата на коронавирусот.

EPA-EFE

Американските власти го обвининуваат 49-годишниот Асанж, роден во Австралија, за заговор за хакирање на државни компјутери и кршење на законот за шпионажа.

Поддржувачите Асанж го гледаат како поборник на слободата на говорот кој ја разоткри амерканската злоупотреба на моќта.

Неговите критичари велат дека со објавувањето на доверливите документи непромислено ги загрозил животите на разузнавачките извори во Ирак, Иран и Авганистан.

На мета на критики е бидејќи Викиликс објави и илјадници хакирани мејлови поврзани со кампањата на Хилари Клинтон, во неделите пред изборите во 2016.

Ги негира обвинувањата на американските обвинители кои тврдат дека Викиликс документите ги набавиле од руски хакери. Тоа прашање не е дел од правната постапка.

Асанж во 2010 стигна на светските насловни страници кога Викиликс го објави американското воено видео од напад на хеликоптер „апачи“ во Багдад во 2007, во кој беа убиени десетици лица, вклучувајќи двајца вработени на Ројтерс.

Неговиот адвокатски тим во Лондон тврди дека американските обвинувања против него се политички мотивирани и се закана за слободата на медиумите.

Велат дека би можел да изврши самоубиство ако биде екстрадиран во САД каде би можел да мине децении во затвор.

Британскиот суд во март го одби барањето за пуштање на слобода со кауција, наведувајќи дека е многу веројатно дека Асанж ќе го избегне процесот за екстрадиција во САД ако биде ослободен.

Неговата партнерка Стела Морис откри годинава дека е во врска со Асанж од 2015 и дека имаат две деца, тригодишниот Габриел и едногодишниот Макс.

Морис кажа дека Асанж го запознала во 2011 кога работела како приправничка, а тој живееше во еквадорската амбасада, каде што мина седум години.

Уапсен беше во април 2019 бидејќи не се предаде на барањето за екстрадиција во Шведска, поради случај во кој беше обвинет за сексуален напад, кој подоцна беше отфрлен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе