По пет години азил во амбасадата

Асанж доби државјанство од Еквадор

Еквадор му додели државјанство на основачот на Викиликс Џулијан Асанж кој веќе пет години живее во азил во амбасадата на таа земја во Лондон, објави денес министерката за надворешни работи Марија Фернанда Еспиноса.

Министерството за надворешни работи на Еквадор денеска објави дека официјалните претставници одлучија да му доделат државјанство на Асанж додека не се најде начин да се реши неговата ситуација.

Еспиноса на прес-конференцијата во Кито изјави дека Асанж, 46-годишен Австралијанец, на 12 декември стана еквадорски државјанин, објави АФП.

Како резултат на тоа, таа рече дека Еквадор побара од Лондон да го признае Асанж како дипломат - што ќе му овозможи безбеден премин од амбасадата, без страв од апсење - но Велика Британија одби.

„Еквадорската влада е овластена да даде државјанство на заштитеното лице и на тој начин да ја олесни... неговата инклузија во земјата домаќин“, изјави Еспиноса за новинарите.

Таа рече дека барањето на Велика Британија за прифаќање на дипломатскиот статус на Асанж е дадено на 20 декември и одбиено еден ден подоцна.

„Еквадор знае дека начинот да се реши ова прашање е Џулијан Асанж да ја напушти амбасадата и да се соочи со правдата“, рече британското Министерство за надворешни работи во четврток.

Асанж одби да излезе надвор од амбасадата тврдејќи дека се плаши дека ќе биде екстрадиран во САД поради објавувањето на тајните американски воени документи за војните во Ирак и Авганистан во 2010 година.

Еспиноса во вторникот рече дека нејзината влада ја разгледува можноста за „трета земја или личност“ да истапи во разрешувањето на застојот.

„Ниту едно решение нема да се постигне без меѓународна соработка и соработка на Обединетото Кралство, кое исто така покажа интерес за разрешување“, рече таа.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе