Асанж би можел да добие политички азил во Франција

Одбраната на Џулијан Асанж работи на тоа да му обезбеди политички азил во Франција, изјави францускиот адвокат Ерик Дипон Морети.

„Одбраната на основачот на Викиликс Џулијан Асанж работи на тоа тој да добие политички азил во Франција, бидејќи тоа го овозможува францускиот устав“, изјави францускиот адвокат.

Асанж беше обвинет за сексуално вознемирување и силување во Шведска во 2010 година, поради што од јуни 2012 се криеше во еквадорската амбасада во Лондон од страв од екстрадиција во скандинавската земја. Утрото на 11 април 2019 година Асанж беше притворен на барање на Соединетите Американски Држави. Судот во Лондон го прогласи за виновен за кршење на условите на кауцијата и го осуди на 11 месеци затвор. Сослушувањата за екстрадиција почнаа на 2 мај.

Американските власти на крајот на мај соопштија дека го обвиниле Асанж по 17 точки за кршење на законот за шпионирање и откривање доверливи информации. Тој претходно беше обвинуван за заговор со цел хакирање компјутери. Во случај Асанж да биде екстрадиран во САД му се закануваат повеќе години затвор.

Шведските власти во ноември 2019 соопштија дека истрагата против Асанж е прекината.

Комесарката на Советот на Европа за човекови права Дуња Мијатовиќ оцени дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж не треба да биде екстрадиран во САД поради потенцијалното влијание на тој случај врз слободата на медиумите и загриженоста од лошото постапување кон него.

Мијатовиќ во соопштението објавено на нејзиниот профил на Твитер наведе дека внимателно ги следи настаните поврзани со случајот на Асанж, особено обвиненијата против него и барањето за екстрадиција од САД до владата на Британија.

Потенцијалната екстрадиција на Асанж има импликација за човековите права кои одат многу подалеку од неговиот поединечен случај“, наведе Мијатовиќ.

„Обвинението отвара важни прашања за заштитата на оние кои објавуваат доверливи информации од јавен интерес, како и оние кои откриваат кршење на човековите права. Широката и нејасна природа на обвиненијата против Џулијан Асанж и престапите наведени во обвинението се загрижувачки бидејќи многу се однесуваат на суштинските активности на истражувачкото новинарство во Европа и светот“, истакна Мијатовиќ.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе