Асад и сириската војска ослободија важен град (ВИДЕО)

Сирискиот град Дера е во речиси целосна контрола на режимот на претседателот Башар ал Асад по распоредувањето на војската во бунтовничките квартови врз основа на примирјето, соопшти воен извор известувајќи за „кревок мир“.

EPA-EFE

Градот Дера е главниот град на истоимената јужна покраина главно под контрола на режимот од 2018 година.

Војската влезе на 8 септември во бунтовничкото упориште на градот врз основа на договорот склучен на 1 септември под покровителство на Русија, сојузничката на владата на Асад.

Од тогаш се поставени девет контролни точки на влезот во градот, соопшти владиниот воен извор, пренесува Франс прес.

Според договорот, бунтовниците мора да го предадат оружјето, а оние кои ќе одбијат ќе бидат евакуирани кон преостанатите бунтовнички региони на северот на земјата. Мажите кои не отслужиле воен рок ќе може да останат.

Локалните власти наведуваат дека во поранешното бунтовничко упориште отворени се дел од продавниците и во тек се работи на поставување мобилни клиники.

Во судирите во јули и август во Дера загинале повеќе десетици луѓе, според податоците на невладините агенции, а околу 40.000 луѓе избегале, наведува ОН.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе