Асад го овласти Ирак да ја напаѓа ИСИС во Сирија

Сирискиот претседател Башар ал-Асад им дозволи на ирачките сили да вршат напади врз екстремистите на ИСИС во Сирија без да чекаат овластувања од владата во Дамаск, објави сириската државна агенција.

Ирачките сили досега ги напаѓаа позициите на Исламска држава во Сирија откако добиваа зелено светло од Дамаск.

Денешната најава укажува на блиски односи меѓу двете соседни арапски земји, вели Асошиејтед прес.

Исламска држава контролираше големи делови од Ирак и Сирија кога прогласи калифат во летото 2014 година на таа територија.

Во меѓувреме, екстремистите беа поразени во Ирак, а во Сирија контролираат мала област. Асад вчера добил писмо од ирачкиот премиер Адил Абдул-Махди во кое тој го повикува на координација на двете земји во борбата против тероризмот.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна објави одлука за повлекување на сите 2.000 американски војници од Сирија.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе