Асад ги обвини САД: Ја крадете нашата нафта и ја продавате на Турција

Соединетите Американски Држави ѝ продаваат нафта на Турција запленета од сириски нафтени извори, рече сирискиот претседател Башар Асад во интервју за кинеската Телевизија Феникс објавено денес од новинската агенција САНА.

Во коментар за тоа што се случува со нафтата произведена од изворите источно од Еуфрат, Асад рече дека „Америка е таа која сега краде нафта и ја продава на Турција“, пренесе Тасс.

Сирискиот лидер истакна дека пред Американците, Џабат ал-Нусра и подоцна Исламската држава ги користеле овие извори. „Турскиот режим игра директна улога во продажбата на нафтата, претходно со ал-Нусра, подоцна со ИСИС и денес со Американците“, рече Асад.

Кон крајот на октомври, американскиот претседател Доналд Трамп ги објави плановите за повлекување на американските сили од северна Сирија, каде Турција спроведуваше операција. Сепак, тој рече дека Вашингтон ќе ја задржи контролата врз нафтените полиња во североисточна Сирија.

Руското Министерство за одбрана изјави дека Вашингтон шверцува сириска нафта во други земји, и дека конвоиите се под заштита на американски приватни воени компании и специјални единици.

Американскиот специјален претставник за Сирија, Џејмс Џефри инсистира дека американското присуство во регионот е легално, а Вашингтон се обидува да осигури дека нафтените полиња во североисточна Сирија нема да бидат окупирани од терористи. Кон крајот на ноември, Џефри истакна дека според сирискиот устав, нафтата му припаѓа на сирискиот народ.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе