Во посета на Идлиб

Асад: Ердоган е крадец, порано крадеше пченица, сега територии

Сирискиот претседател Башар ал Асад денес го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „крадец“.

Асад ова го изјави при неговата прва посета на делови од покраината Идлиб, кои сириската војска си ги врати од рацете на бунтовниците што ја имаат поддршката на Турција.

Државните медиуми прикажаа слики на Асад меѓу сириските војници, како што е соопштено, на стратегиски важна територија во јужниот дел на Идлиб.

Асад го нарече Ердоган „крадец што пљачкаше фабрики, пченица и гориво, а денес краде територија“, алудирајќи на неодамнешната турска инвазија во североисточна Сирија, чија цел беше протерување на курдските борци.

„Рековме и продолжуваме да велиме дека битката во Идлиб е јадрото што може решително да им стави крај на хаосот и тероризмот во цела Сирија“, рече Асад.

Турција вршеше и други упади во Сирија и ја контролира територијата источно од Идлиб. Во таа провинција има набљудувачки пунктови, од каде што го надгледува прекинот на огнот меѓу владините сили и бунтовниците и џихадистите.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе