Историско достигнување

Аргентина и Алжир ја искоренија маларијата

Светската здравствена организација ги прогласи Алжир и Аргентина за земји без маларија што претставува „историско достигнување" за двете земји.

Декларацијата следи по предупредувањата дека глобалната борба против маларијата во последниве години е опадната, при што бројот на случаи во земјите најсилно погодени од оваа болест е во пораст.

Докторот Тедрос Аданом Гебријесис, генералниот директор на СЗО, рече дека постигнувањето на Алжир и Аргентина „служи како модел за работа на другите земји за тоа како еднаш за секогаш да се искорени оваа болест“, пренесе Гардијан.

Алжир и Аргентина ги објавија нивните последни локално пренесени случаи на маларија во 2013 и 2010 година, што значи дека 38 земји и територии се сега ослободени од болеста.

Успехот на земјите во справувањето со маларијата се должи на подобрените напори во откривањето на болеста, како и бесплатна дијагноза и третман, велат од СЗО.

Алжир е втора држава во Африканскиот регион на СЗО која официјално е признаена како земја без маларија, по Маурициус, кој беше сертифициран во 1973 година.

Аргентина е втора земја во Америка која ја елиминираше болеста за 45 години, по Парагвај во јуни 2018 година.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе