„Сакал публицитет“

Ардерн: Никогаш нема да го изговорам името на напаѓачот од Крајстчерч. Тој е терорист, криминалец и екстремист (ВИДЕО)

Ардерн вонредната седница на парламентот ја отвори со поздравот на арапски „Ал салам алејкум“.

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн изјави денеска дека никогаш нема да го изговори името на напаѓачот од Крајстчерч.

Таа пред новозеландските парламентарци рече дека напаѓачот со својот терористички чин сакал да стане познат.

„Затоа, никогаш нема да ме чуете да го спомнам неговото име“, рече Ардерн, која вонредната парламентарна седница ја започна со поздравот на арапски „Ал салам алејкум“.

„Мир со вас. И мир со сите нас. Петнаесетти март засекогаш ќе биде врежан во нашата колективна меморија. Во тивкото петочно попладне, еден човек упадна на место на мирна богослужба и одзеде животи на 50 луѓе. Тоа тивко попладне во петокот стана најмрачното од нашите денови.

Но, за семејството тој ден беше многу повеќе од тоа. Тоа беше ден кога едноставниот чин на молитва, практикување на својата муслиманска вера и религија, доведе до губиток на животите на нивните најсакани. Тоа беа нивни браќа, ќерки, татковци и деца. Тие беа Новозеланѓани. Тие беа ние.

И затоа ние како нација жалиме за нив. Чувствуваме голема одговорност да се грижиме за нив. И има толку многу што чувствуваме дека треба да кажеме и да направиме. Една е од улогите која никогаш не очекував да ја добијам и се надевав дека никогаш нема да ја имам да изразам жал на нацијата.

Во својот терористички чин тој имал многу намери, а една од нив била публицитет. Затоа никогаш нема да ме слушнете да го изговорам неговото име“.

„Тој е терорист, тој е криминалец, тој е екстремист, но кога зборувам за него, тој ќе биде безимен. И сите останати ве молам да зборувате за имињата на оние кои ги изгубивме, а не за името на оној што ни ги одзеде.

Можеби бараше да биде познат и озлогласен, но ние на Нов Зеланд нема да му дадеме ништо од тоа. Дури ни неговото име.

Ние, исто така, ќе ја разгледаме улогата на социјалните медиуми во овој случај и чекорите што може да ги преземеме, вклучувајќи ги и оние на меѓународно ниво, заедно со нашите партнери".

Премиерката рече дека на напаѓачот ќе му се суди според најстрогите закони.

Во нападот на двете џамии во Крајстчерч во петокот, беа убиени 50 луѓе.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе