Арапските министри се состануваат поради крвопролевањето во Газа

Арапските министри за надворешни работи одржуваат итен состанок на Арапската лига поради израелско-палестинската криза, кажа извор од тоа регионално тело.

Состанокот се одржува по барање на Саудиска Арабија, а негова цел е „спротивставување на израелската агресија врз палестинскиот народ“ и „на илегалната одлука на САД да ја пресели амбасадата во окупиран Ерусалим“.

Состанокот на постојаните претставници на Арапската лига в среда ќе биде подготвителен состанок за седницата в четврток, додаде изворот. На него најмногу ќе стане збор за американската иницијатива за преселување на амбасадата во Ерусалим, што главниот секретар на Арапската лига Ахмед Абоул Гхеит го оквалификува како „јасно кршење на меѓународното право“.

Главниот секретар на Арапската лига го осуди во вторникот „масакрот“ на Израел врз палестинците во Газа. Панарапската организација го повика Меѓународниот казнен суд во врска со тоа да покрене истрага.

Најмалку 60 Палестинци се убиени откако во понеделникот избувнаа протестите во Газа, до кои дојде поради преселувањето на американската амбасада во Ерусалим и палестинското одбележување на 'Накба' или 'катастрофата' од 15 мај, кога во 1948 година многу Палестинци мораа да ги напуштат своите домови и кога службено е основана државата Израел.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе