Арапските држави го „уценуваат“ Катар: Подготвуваат листа на услови

Водечките арапски држави изготвуваат листа на барања што Катар мора да ги исполни со цел дипломатските и економските односи да се вратат на нормала.

Како што наведува Волстрит џурнал, дел од листата со услови ја дознале од арапските и американските претставници кои учествуваат во преговорите.

Според нивните информации Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и нивните сојузници бараат гаранција дека властите на Катар ќе го прекинат финансирањето на екстремистичките групи на Блискиот Исток и ќе ги прекинат своите врски со политичкото раководство на исламистичката организација „Муслиманско братство“.

Од Катар се бара и значително да ја намали активноста на медиумската мрежа Ал Џезира.

Според американските и арапските претставници, официјалниот список на услови за Катар може да се очекува во следните неколку дена, пренесува руската новинска агенција Тас.

Вчера претседателот на САД, Доналд Трамп по телефон зборуваше со владетелот на Катар, емирот Тамим бин Хамад ал-Тани и изрази подготвеност за пронаоѓање решение за дипломатската криза во регионот на Заливот, вклучувајќи и состанок што би го организирал Трамп во Белата куќа помеѓу Катар и арапските земји што го изолираа.

Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Либија, Малдиви и уште неколку блискоисточни и африкански држави оваа недела ги прекинаа дипломатските односи со Катар заради наводното финансирање на тероризмот и негување на добри односи со Иран. Катар ги отфрли сите обвинувања.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе