Коронавирус

Аптеките во Шпанија на удар на ограбувачи

Аптеките, едни од ретките отворени објекти во Шпанија, не се соочуваат деновиве само со коронавирусот, туку со крадци, предупредуваат здруженијата.

Иако во Шпанија стапката на криминал поприлично падна во време кога 47 милиони жители се наоѓаат во своите домови за да го избегнат ширењето на коронавирусот, овие мали објекти, единствените отворени покрај продавниците за намирници, во последните денови се мета на зачестени кражби.

Вработена во аптека во Мадрид Ангелес Трабалон вели дека на крадците им е полесно да ограбуваат бидејќи нема никого на улиците. „Имајќи предвид дека другите продавници се затворени, ние сме лесен плен“, вели таа.

Леополдо Гонзалез, претседател на здружение на аптеки во јужната покраина Андалузија, се пожали на телевизијата ТВЕ дека неговите колеги се жртви на кражби во последните денови.

Шпанската полиција соопшти пред два дена преку својата интернет страница дека во Мадрид уапсила двајца ограбувачи на аптека во сиромашниот кварт Карабанчел, во јужниот дел на градот. Бегајќи со парите на улица, налетале на полицаец кој се обидел да ги сопре, но му се заканиле со нож.

Полицајците кои набрзо му дошле на помош на колегата го нашле и го уапсиле. Со истрагата полицијата расветлила дополнителни осум слични кражби во аптеки во Мадрид.

Луис Гонзалез, претседател на здружение на аптеки во Мадрид, вели дека не се крадат само пари. „Влегуваат да крадат мислејќи дека можат да земат санитетски материјал како заштитни ракавици и маски“, кажа Гонзалез.

Шпанија со 140.510 заразени лица е трета земја во светот по САД и Италија по бројот на заболени од коронавирусот. Умреа речиси 14.000 лица, а повеќе жртви има само Италија.

Во земјата недостига санитетски материјал како заштитни маски.

Полицискиот инспектор Серафин Гиралдо вели дека полицијата добила наредба да патролира за да се спречат кражбите на аптеките. Полициските автомобили зачестено кружат по пустите улици проверувајќи дали граѓаните се придржуваат до карантинот.

Од 13 март на граѓаните им е дозволено излегување само за во аптека, продавница со храна, болница, киоск, банка, бензинска пумпа или да прошетаат куче. Владата на 30 март ги прекина сите стопански активности во земјата освен нужните како производство и дистрибуција на храна, струја и гас.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе