Апсења во Албанија поради уништување на изборните материјали

Албанската полиција уапсила пет поддржувачи на опозицијата поради наводно оштетување на гласачките кутии и документи за да го спречат одржувањето на локалните избори во таа земја.

Полицијата во Албанија ги обвини уапсените и за физички напади врз полицајци за време на служба, додека ги напаѓале изборните канцеларии во градот Скадар на северот на Албанија.

Судирите меѓу поддржувачите на опозициските партии и полицијата продолжија денес.

Албанските медиуми јавија дека најмалку пет цивили и пет полицајци се повредени.

Опозицијата во Албанија ги бојкотира локалните избори во земјата планирани за 30 јуни и се закани дека ќе ги блокира.

Албанската влада предводена од Еди Рама, и покрај одлуката на претседателот Илир Мета за одложување на изборите, инсистира изборите да се спроведат според првичниот план.

Вчера претседателот Мета им најави на амбасадорите на земјите членки на ЕУ дека ќе ја изнесе војската на улиците доколку изборите не се откажат бидејќи, како што наведе, добил информации од странски служби дека ќе има немири на улиците.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе