Белорусија

Апсења, гумени куршуми и шок-бомби: вака се „славеше“ победата на Лукашенко (ВИДЕО)

Белоруската полиција во неделата ги задуши протестите што избувнаа додека претседателот Александар Лукашенко очекува уште една сигурна победа на штотуку одржаните претседателски избори.

Фото: ЕПА

Демонстрантите и полицијата за немири синоќа се судрија во белорускиот главен град Минск и во другите градови, откако излезната анкета на државната телевизија навести дека долгогодишниот лидер Александар Лукашенко е реизбран на изборите во неделата.

Полицијата користеше шок-бомби, гумени куршуми и водени топови. Една група за човекови права соопшти дека еден демонстрант е убиен, а околу 120 се уапсени.

Лукашенко освои 80% од гласовите, според првичните пребројувања.

Но лидерката на опозицијата вели дека не им верува на официјалните бројки.

„Им верувам на очите и гледам дека мнозинството е кај нас“, им рече Светлана Тихановскаја на новинарите доцна во неделата. Прелиминарните резултати ѝ даваат 9,9% од гласовите.

Тихановскаја се вклучи во изборите на местото на нејзиниот уапсен сопруг и продолжи да води големи опозициски собири.

Лукашенко (65) е на власт од 1994 година.

Демонстрантите излегоа на улиците во центарот на Минск веднаш штом заврши гласањето доцна синоќа.

Многумина извикуваа „Оди си“ и други антивладини пароли. Полицијата за немири при растерувањето на демонстрантите фрлаше шок-бомби, користеше пендреци и апсеше.

Рано утрово Валентин Стефановиќ од белоруската група за човекови права Вјасна за новинската агенција Ројтерс изјави дека најмалку еден човек починал откако бил исфрлен од полициско комби, а десетици се повредени. Тој додаде дека најмалку 120 лица се приведени.

Слични протести се одржаа и во Брест, Кобрин, Жодино и во други градови.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе