Вухан

Апокалиптични сцени: 11 милиони луѓе во карантин, дезинфекција на градот, грабање храна, маски (ВИДЕО)

Кина го затвори градот Вухан, жариштето на смртоносната зараза, која ја предизвикува нов вид коронавирус.

На жителите на 11-милионскиот град не им се препорачува да ја напуштаат територијата на Вухан. Во градот привремено се сопрени авионските летови, автобуските линии, возовите, па дури и метрото. Почна дезинфекција на улиците, кои се мијат со специјален раствор.

Во градот се поставени и специјални шатори за изолација на заразените пациенти, во случај болеста масовно да се прошири.

На Твитер е објавена снимка на која се гледа како жителите на Вухан се грабаат за храна во супермаркет пред затворањето на градот. Објавени се и снимки од припадници на војската и полицијата, кои како и сите други граѓани се со маски.

Според последните податоци, над 570 луѓе се заразени со новиот коронавирус, додека бројот на мртвите се качи на 25.

Кинеските власти на 31 декември ја информираа Светската здравствена организација за епидемијата на непознато запаление на белите дробови во градот Вухан во централниот дел на земјата. Кинеските експерти утврдија на 7 јануари дека болеста ја предизвикува коронавирусот 2019-нЦоВ.

Дел од експертите сметаат дека новиот вирус не е опасен како САРС од кој умреа над 700 луѓе од 2012 година.

Засега нема лек против коронавирусот, чии симптоми се треска, отежнато дишење и кашлица, а може да предизвика и запаление на белите дробови.

Кинеските власти сѐ уште истражуваат што е причината за вирусот, иако потврдија дека епидемијата почнала на пазар во Вухан за нелегални трансакции со диви животни.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе