Рускиот амбасадор во САД

Антонов: Многумина би сакале да го видат Лавров на Генералното собрание на ОН во септември

Претставници на многу земји би сакале да го видат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, изјави денеска рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов за ТВ-каналот Русија-24.

Фото: ЕПА

„Добиваме многу прашања за тоа дали министерот ќе дојде на Генералното собрание на ОН, па слободно може да се каже дека многумина би сакале да го видат Сергеј Викторович на Генералното собрание на ОН“, рече Антонов.

Тој потсети на неодамнешните посети на министерот во Азија и Африка, каде што, како што вели, го чекале и побарале да го видат.

Тој исто така рече дека американската администрација ги „лови“ Русите во странство.

„Регистриравме 58 апсења на Руси од 2008 година. За одбележување е дека глобалната заедница и меѓународните организации за човекови права молчат за ова“, рече Антонов.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе