Уапсени две лица

Антиваксерите во Полска почнаа да ги напаѓаат центрите за вакцинација против ковид-19

Двајца противници на вакцинацијата против ковид-19 се уапсени во Гроџиск Мазовјецки во Полска, кога со група демонстранти на сила се обиделе да влезат во центар за вакцинација против коронавирусот.

EPA-EFE

Во вчерашната тепачка со персоналот и обезбедувањето во центарот две лица се полесно повредени, јави полската полиција.

„Добивме повик дека во зградата на центарот за вакцинација се обидува да се пробие група луѓе. Дошло до тепачка на персоналот на центарот со тие луѓе. За две лица со полесни повреди повикавме итна помош. Попладне групата демонстранти се растури. Двајца уапсивме“, кажа портпаролката на локалната полиција Катажина Зих.

Демонстрациите пред центарот за вакцинација ги организирала групата Полски жолти кошули која се фали дека се бори за слобода за сите, но главно организира антиваксерски манифестации, како пикници против вакцините.

„Слобода на знамињата, уста полна пцовки и тупаница против другиот човек. Така денес изгледа антиваксерското движење? Тука нема со кого да се дискутира. Тоа треба да се осуди. Ѝ благодарам на полицијата за интервенцијата“, напиша на Твитер полскиот министер за здравство Адам Нједјелски.

Министерот Нједјелски предупреди на крајот на минатата недела дека делта сојот во Полска полека ги истиснува сите останати варијанти и дека Полска може да очекува четврти бран на пандемијата на ковид-19 веќе на крајот на летото, во втората половина на август.

Најцрното сценарио повторно најавува 10.000 до 15.000 новозаразени дневно, а полската влада од ден во ден апелира до Полјаците што побрзо да се вакцинираат со тоа што размислуваат и за можноста вакцинацијата да биде задолжителна.

„Кога луѓето не можат да ги убедат рационални аргументи, а ни лотаријата со многу интересни награди не ги носи очекуваните резултати, тогаш државата мора да посегне по други средства. Ако Полјаците не сакаат да се вакцинираат самите, тогаш треба да се натераат на тоа“, кажа минатиот месец лидерот на полските владејачки конзервативци, вицепремиерот Јарослав Качињски.

Тесно мнозинство од 53,7 отсто Полјаци сметаат дека оние кои без причина одбиваат да се вакцинираат треба да бидат казнети со рестрикции, но 40 отсто сметаат дека на невакцинираните треба да им се забрани влез во рестораните и кафулињата, а 58 отсто сметаат дека такви забрани не треба да се воведуваат за трговските центри.

Две третини од Полјаците во анкетата за порталот Виртуелна Полска се против тоа со воз да смеат да патуваат само вакцинираните, додека 30 отсто од Полјаците би поддржале таква забрана.

Во Полска досега со една или две дози на вакцина против ковид-19 се вакцинирани 44,6 отсто од населението.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе