Според студија финансирана од британската влада

Антителата на ковид-19 „неверојатно брзо“ исчезнуваат

Студијата открила пад од 26,5% на антителата кај англиските испитаници во текот на 3 месеци.

Фото: ЕПА

Ќе биде тешко да се постигне широко распространет, долгорочен имунитет на стадо кон ковид-19 ако се потврдат резултатите од една нова студија. Истражувањето спроведено на 365.000 луѓе во Англија покажа дека процентот на позитивни тестови за антитела на ковид-19 паднал за 26,5% помеѓу 20 јуни и 28 септември, што укажува на тоа дека „имунитетот опаѓа многу брзо“, изјави авторката на студијата Хелен Вард за Би-би-си.

Во рамките на студијата, финансирана од владата на Велика Британија, учесниците сами дома си вршеле тестови со боцкање на прстите. Во јуни кај околу 6% се појавиле реакции на имуноглобулински антитела (ИгГ). Три месеци подоцна, ги имале само 4,4% од испитаниците.

Луѓето што имале асимптоматска инфекција со ковид-19 се чини дека побрзо ги губат видливите антитела од другите луѓе. Возраста исто така игра улога. Кај учесниците на возраст меѓу 18 и 24 години е забележан пад на антителата од 14,9%, додека кај оние на возраст од 75 години и постари имало пад од 29%.

Студијата се совпаѓа со другите истражувања што укажуваат дека антителата со текот на времето се намалуваат. Сепак, таа има и маани. Примероците не биле земани од истите луѓе одново и одново, туку од различни луѓе со текот на времето. Можно е луѓето што биле изложени на коронавирусот да не учествувале во сите фази и тоа може да ги изобличи бројките, велат истражувачите.

Нивните резултати беа објавени во понеделникот пред процесот на рецензија, вели Си-ен-ен, кој забележува дека истражувачите барале само реакции на ИгГ-антителата, иако „други истражувачки тимови открија дека други видови антитела може да траат подолго“.

Антителата се протеини што вашето тело природно ги создава за да се бори против инфекцијата. ИгГ се еден вид - тестовите не се направени така што да можат да откриваат други видови антитела.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе