Според црногорската опозиција

Антируските санкции ја чинат Црна Гора преку две милијарди евра

Црна Гора поради антируските санкции изгубила преку две милијарди евра, тврди лидерот на црногорската партија Демократски фронт Милан Кнежевиќ.

Тој потсети дека официјална Подгорица ѝ воведе на Русија санкции во 2014 година, како и дека Демократскиот фронт уште тогаш тврдел дека најголемата штета од санкциите ќе ја претрпи самата Црна Гора, а не Русија.

Кнежевиќ истакна дека Црна Гора во 2006 година доживеа инвестициски бум благодарение на руските инвестиции и руските туристи.

„Статистичките податоци беа безмилосни и кажуваат дека секој трет турист во Црна Гора бил од Русија, а секоја втора инвестиција исто така од Руската Федерација. Откако веќе пет години Црна Гора ја следи погубната политика на Европската Унија, а се однесува на санкциите против Русија, а подоцна и на отворената русофобија која кулминираше со обвинувањата за државен удар, дека Русија со своите специјални служби учествувала во уривањето на уставниот поредок за да го сопре зачленувањето на Црна Гора во НАТО, штетите се огромни“, вели Кнежевиќ.

Оваа бројка се темели на процените на црногорската опозициска партија, а без детална анализа на извозот на црногорските производи на рускиот пазар.

„Тоа најдобро кажува каква погубна надворешна и економска политика Црна Гора води во последните пет години, а се однесува на Русија, како и самиот факт што неодамна руското министерство за надворешни работи соопшти дека Подгорица со небалансираната политика им нанела голема штета и ги довела односите меѓу Русија и Црна Гора на најниско можно ниво во нивната над 300 години долга историја“, потсети Кнежевиќ.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе