Анкета на Си-ен-ен: Бајден победи на финалната дебата

Џо Бајден беше подобар на последната синоќешна дебата во пресрет на американските избори, според анкетата спроведена од страна на Си-ен-ен меѓу оние кои ја следеле дебатата.

Севкупно, 53% од гласачите кои ја следеле дебатата изјавиле дека Бајден победил во дуелот, додека 39% изјавиле дека тоа го сторил претседателот Доналд Трамп.

Гледачите уште еднаш рекоа дека критиките на Бајден кон Трамп биле претежно коректни (73% рекле дека биле фер, 26% нефер), а биле поделени околу тоа дали нападите на Трамп врз Бајден биле фер (50% одговориле да, 49% не).

Што се однесува до општиот впечаток за настапот на Трамп во дебатата, само 28% рекле дека сметаат дека актуелниот претседател победил на дебатата, а 67% како неправедна ја оцениле неговата критика кон Бајден.

Генерално, расправата немала големо влијание врз промените во впечатокот на кандидатите.

Поволните ставови кон Бајден пред дебатата изнесувале 55%, а во интервјуата по дебатата тие останале стабилни и изнесувале 56%. Исто така, впечатокот за Трамп останал стабилен, 42% изјавиле дека имаат поволен став за претседателот во интервјуата водени пред дебатата во четвртокот, а 41% го кажале истото и потоа.

Сепак, повеќе набљудувачи на дебатата изјавија дека настапот на Трамп покренал поголема загриженост за тоа како би се однесувал на претседателската функција (55%) отколку на Бајден (41%).

Повеќето Американци кои ја следеле дебатата го претпочитаат Трамп во однос на Бајден во економијата (56% сметаат дека Трамп подобро ќе се справи со тоа во споредба со 44% кои велат дека Бајден би бил подобар), а прилично подеднакво се поделени кога станува збор за надворешна политика (50% го претпочитаат Бајден, 48% Трамп).

Бајден се здоби со поголема предност пред Трамп кога станува збор за управување со коронавирусот (57% го претпочитаат Бајден, а 41% го претпочитаат Трамп), климатските промени (67% за Бајден, 29% за Трамп) и расна нееднаквост во САД (62% за Бајден , 35% за Трамп).

На Бајден исто така воглавно се гледало како да нуди подобар план за решавање на проблемите во земјата (54% за Бајден, 42% за Трамп), а гласачите биле поделени околу тоа кој е посилен лидер (по 49% за двајцата кандидати).

Иако вечерашната дебата била далеку помалку контроверзна од првата, луѓето биле значително понаклонети да го гледаат Бајден како оној кој директно одговора (62% изјавија дека тоа е Бајден и 31% Трамп).

Интересен е податокот и дека жените повеќе го навеле Бајден како победник во дебатата, 60% од жените изјавиле дека Бајден победил, 35% Трамп, додека меѓу мажите 47% одговориле дека Бајден победил, а 44% Трамп. Неодлучните гласачи исто така за победник во поголема мера го посочиле Бајден (55% Бајден, 36% Трамп).

Вкупната предност на Бајден во однос на Трамп во анкетата на Си-ен-ен по последната дебата од 53 проценти во однос на 39 проценти е само за еден процент бод поголема од победата на Хилари Клинтон над Трамп пред четири години, но сепак е втора по големина во анкетите на Си-ен-ен по завршните дебати.

Најголема е онаа на Барак Обама над Џон Мекејн по финалната дебата во 2008 година кога Обама имал 58 проценти наспроти 31 процент на Мекејн.

Си-ен-ен ја спроведе анкетата преку телефон по дебатата и вклучува интервјуа со 585 регистрирани гласачи кои ја следеле претседателската дебата.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе