Според таа анкета, Бајден има мала предност пред Трамп во три држави, а во другите три се изедначени.
Онлајн истражувањето на јавното мислење спроведено во септември покажува дека Бајден и Трамп се изедначени во Флорида и Северна Каролина и дека Бајден води со само еден процентен бод во Аризона. Во Пенсилванија, Бајден води со три процентни бода и со пет во Висконсин и Мичиген.
Сите овие држави ќе бидат одлучувачки во изборот на победникот на изборите на 3 ноември, со оглед дека имаат голем број жители и потенцијал да се свртат кон која било од партиите.
Во секоја од овие држави, објаснува Ројтерс, разликата помеѓу двајцата кандидати е блиска или во рамките на статистичка грешка, што значи дека ниту еден од кандидатите нема јасна предност.
Земени заедно, државните и националните истражувања покажуваат дека изборите оваа година може да завршат на ист начин како и во 2016 година, при што демократите добија мнозинство гласови, но републиканците ги освоија Изборниот колегиум и Белата куќа.
Бајден во моментов има предност на национално ниво, но Трамп има скоро исти шанси за победа во одлучувачките држави, а со тоа и доволно изборни гласови за втор мандат.
Се чини дека гласачите во одлучувачките држави не го казнија Трамп поради начинот на кој тој управува со коронакризата во иста мера како и гласачите во другите сојузни држави, и покрај тоа, тие се повеќе склони да мислат дека Трамп е подобар од Бајден кога станува збор за економијата.