„Историска грешка“

Анкара предупреди дека референдум во ирачки Курдистан „ќе има своја цена“

Турција предупреди дека одржувањето референдум за независност на ирачки Курдистан кон крајот на септември „ќе има своја цена“.

„Инсистирањето на курдските претставници на организирање на тој референдум и покрај сите пријателски совети ќе има своја цена“, соопшти турското министерство за надворешни работи во соопштението во кое го повикува Арбил, главниот град на ирачки Курдистан, да се откаже од „погрешниот пристап“.

Гласањето на референдум е предвидено за 25 септември во регионот на северот на Ирак кој од 1991 година ужива автономија која со годините се прошири.

Турција, и самата соочена со тежнеењата на курдските сепаратисти на југоистокот на земјата, остро се противи на одржувањето на гласањето.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе