Претставникот на турското претседателство Ибрахим Калин повика на организирање преговори со учество на тие четири земји наведувајќи дека Русија е на страната на Ерменија, а Турција на страната на Азербејџан.
„Бидејќи Русија е на страната на Ерменија, а ние Турците го поддржуваме Азербејџан, ајде четирите страни да се сретнат и да разговараат за решавање на проблемот“, кажа Калин.
Бројката на загинатите во конфликтот на силите на Ерменија и Азербејџан околу областа Нагорно-Карабах вчера достигна 600.
Претставници на двете страни пријавуваат нови воени и цивилни жртви додека борбите продолжуваат и покрај договорот за прекин на огнот од саботата попладне.
Нагорно Карабах е енклава во Азербејџан населена со Ерменци и од војната во првата половина на деведесеттите години Баку нема контрола врз таа територија.