Сирија

Анкара ја потврди паузата во операцијата против Курдите, но „целта останува непроменета“

Турската војска на северот на Сирија пред сѐ ќе воспостави безбедносна зона, се наведува во заедничкото американско-турско соопштение, кое беше објавено откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот потпретседател Мајк Пенс денес во Анкара постигнаа договор за прекин на огнот.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пак, изјави дека во разговорите не се дадени гаранции за стратегиски клучниот град Кобане на границата на Сирија со Турција.

Тој додаде дека турската војска само прави пауза во своите операции додека курдските Народни одбранбени единици не се повлечат 32 километри од границата со Турција.

Ердоган по повеќе од четири часа разговори со Пенс се согласи на петдневно примирје на североистокот на Сирија за да им дозволи на курдските сили да се повлечат, а по што операцијата „Извор на мирот“ целосно ќе биде сопрена.

Турција на 9 октомври, два дена по Трамповата одлика за повлекување на американските трупи, ја почна воената операција на северот на Сирија, која почна со воздушни напади врз курдските сили.

Анкара тврди дека целта на операцијата е создавање тампон-зона за заштита на турската граница, во која сириските бегалци би можеле да се вратат од Турција.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе