Анкара и Атина разговараат за спречување на конфликт во Средоземно Море

Турски и грчки официјални претставници се состанаа во четвртокот во седиштето на НАТО во Брисел за да разговараат за спречување на понатамошни воени тензии во источниот дел на Средоземно Море, изјави извор близок до турските безбедносни служби.

EPA-EFE/SIMELA PANTZARTZI

Воените претставници од двете земји, членки на НАТО, требало да разговараат во вторникот, но Алијансата ги одложила разговорите. Разговорите за избегнување воен конфликт, најавени минатата недела од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг имаат за цел да спречат ескалација на напнатостите и инциденти, како што е минатомесечниот судир меѓу воените бродови на двете земји.

Водите на Средоземно Море западно од Кипар и Анкара и Атина го гледаат како дел од своето крајбрежје, а Грција ги условува разговорите со повлекување на турските бродови од спорните води.

Од друга страна, Турција возвраќа дека нема да разговара ако се поставуваат предуслови за дијалог. Техничките разговори во седиштето на НАТО не се однесуваат на територијални спорови, туку предмет на разговорите ќе биде воспоставување директна врска помеѓу вооружените сили на двете земји.

Според турски воен извор, Анкара „ги поддржува напорите за решавање на спорот преку дијалог и без никакви предуслови“.

Грција во неколку наврати повикува на „значителни“ санкции на ЕУ кон Турција, доколку земјата не ги повлече бродовите од областа.

Премиерот Кирјакос Мицотакис рече дека на Турција и на Грција им треба дијалог, но не со „вперен пиштол“.

Лидерите на ЕУ ќе разговараат за тоа на 24 и 25 септември.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SIMELA PANTZARTZI

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе