Англиската полиција: Добро е што Хрватска не произведува автомобили па навивачите немаат што да кршат (ВИДЕО)

Додека Хрватска синоќа ја славеше историската победа над Англија и пласманот во финалето на Светското првенство во фудбал, Англија тагуваше. А дел од англиските навивачи, и кога тагуваат и кога слават, не се воздржуваат од дивеење и кршење.

Како по победата над Шведска кога вандализираа болничко возило и неколку автомобили, се качуваа и скокаа по автобуси и автобуски станици, при што еден од навивачите низ стаклениот покрив пропадна врз девојка под него, но влегоа и во локална ИКЕА каде направија поприличен неред во познатиот синџир за мебел.

Тоа е дел од хулиганската традиција – како кога Англија изгуби од Германија во полуфиналето на Европското првенство во 1996. Англичаните масовно кршеа автомобили произведени од Фолксваген и Мерцедес.

Шефот на англиската полиција за обезбедување фудбалски настани Марк Робертс изјави дека работата му ја олеснало тоа што хрватска нема препознатливи производи и продавници, а не произведува ни автомобили кои хулиганите би можеле да ги кршат ако Англија изгуби.

Робертс за британски Телеграф кажа дека повеќе го загрижува однесувањето на навивачите дома отколку тоа на десетици илјади на натпреварот во Москва.

„Видовме претходни примери на одредени автомобилски марки кои беа вандализирани откако земјата произведувач ќе нѐ исфрлеше од турнирот. Олеснување ни е што Хрватите не се масовни извозници на неподвижни објекти врз кои навивачите би можеле да го искажат својот гнев“, кажа Робертс.

Англија изгуби и го заврши својот сон за освојување на Светското првенство во Русија, а за среќа минатата ноќ во Англија мина без поголеми вандализми. Покрај неколкуте случаи на тепачки и вандализам, британската полиција соопшти дека повеќето навивачи пабовите и парковите ги напуштиле „со кренати глави и без проблеми“, пренесуваат британските медиуми.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе