Професорот Греам Медли кажа дека можеби ќе биде потребен „компромис“, бидејќи отворањето на училиштата се смета за „приоритет за доброто на децата“.
На прашањето дали рестрикции на други активности се потребни за да се отворат школите, Медли, претседател на пододборот за управување со пандемијата на Научничката советничка група за вонредни ситуации (Сејџ), кажа за Би-би-си дека „мисли дека тоа е сосема можно“.
„Мислам дека сме во ситуација во која мнозинството смета дека отворањето на училиштата е приоритет за здравјето и доброто на децата, а кога тоа ќе го направиме, повторно ќе поврземе многу домаќинства“, кажа тој.
„Всушност, згаснувањето на некои други нешта, некои други активности, може да биде потребно за да можеме да ги отвориме училиштата“, додаде тој.
Медли кажа дека тоа може да се сведе на прашањето на приоритетите.
„Мислиме ли дека пабовите се повредни од училиштата?“, праша тој.
Пред изјавата на Медли, главниот медицински функционер на Англија кажа дека земјата е блиску до дозволената „граница“ за отворање на општеството, додека во петокот премиерот Борис Џонсон кажа дека е одложено новото попуштање на мерките.
Џонсон на конференција за новинарите кажа дека треба „да се стиснат сопирачките“ на попуштањето на рестрикциите, по порастот на бројот на заразените.
Претходно вети дека во септември целосно ќе се отворат основните и средните училишта.