„Отворањето на училиштата е приоритет“

Англија можеби ќе мора да ги затвори пабовите за да ги отвори училиштата

Пабовите и „другите активности“ во Англија можеби ќе мора да бидат затворени, за да се отворат училиштата следниот месец, изјави научникот кој ја советува владата околу прашањето на пандемијата на коронавирусот, пишува Би-би-си.

EPA-EFE

Професорот Греам Медли кажа дека можеби ќе биде потребен „компромис“, бидејќи отворањето на училиштата се смета за „приоритет за доброто на децата“.

На прашањето дали рестрикции на други активности се потребни за да се отворат школите, Медли, претседател на пододборот за управување со пандемијата на Научничката советничка група за вонредни ситуации (Сејџ), кажа за Би-би-си дека „мисли дека тоа е сосема можно“.

„Мислам дека сме во ситуација во која мнозинството смета дека отворањето на училиштата е приоритет за здравјето и доброто на децата, а кога тоа ќе го направиме, повторно ќе поврземе многу домаќинства“, кажа тој.

„Всушност, згаснувањето на некои други нешта, некои други активности, може да биде потребно за да можеме да ги отвориме училиштата“, додаде тој.

Медли кажа дека тоа може да се сведе на прашањето на приоритетите.

„Мислиме ли дека пабовите се повредни од училиштата?“, праша тој.

Пред изјавата на Медли, главниот медицински функционер на Англија кажа дека земјата е блиску до дозволената „граница“ за отворање на општеството, додека во петокот премиерот Борис Џонсон кажа дека е одложено новото попуштање на мерките.

Џонсон на конференција за новинарите кажа дека треба „да се стиснат сопирачките“ на попуштањето на рестрикциите, по порастот на бројот на заразените.

Претходно вети дека во септември целосно ќе се отворат основните и средните училишта.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе