Англија ги попушта мерките: повторно работат рестораните, пабовите, салоните

По неколку месеци, жителите на Англија повторно ќе можат да одат во продавници, ресторани, пабови, фризерници, спортски сали и други установи како дел од услугите што не се сметаат за основни.

Фото: ЕПА

Како што најави британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела, неговата земја од денес преминува во втората фаза на мерките за ублажување против ширењето на коронавирусот.

Во Англија се во сила поостри мерки од почетокот на јануари годинава, а слично е и во другите делови на Велика Британија, која е една од најпогодените земји во Европа, со 127.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Џонсон и епидемиолозите, сепак, повикаа на претпазливост, истакнувајќи дека сè уште има голем број невакцинирани лица и дека непочитувањето на правилата за социјална дистанца и другите мерки може да доведе до ново зголемување на бројот на заразените ова лето.

Служењето храна и пијалаци во рестораните ќе биде можно најмалку до 17 мај, додека театрите, кината, ноќните клубови и повеќето други места ќе останат затворени на неодредено.

Бројот на новоинфицирани, хоспитализирани, како и смртни случаи е намален благодарение на програмата за карантин и масовна вакцинација, според која досега повеќе од 60 проценти од возрасната популација се имунизирани со една доза.

Според Би-би-си, во таа земја во неделата биле регистрирани само седум смртни случаи предизвикани од коронавирусот, што е најмал број од 14 септември 2020 година. Во последните 24 часа евидентирани се 1.730 нови случаи на инфекција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе