Тестовите ќе им стигнуваат на домашна адреса

Англичаните двапати неделно бесплатно ќе се тестираат за коронавирусот

На граѓаните на Англија ќе биде достапно бесплатно тестирање на коронавирусот двапати неделно, најави денес британската влада.

EPA-EFE

Бесплатното тестирање со брзи тестови досега беше достапно само за најранливите групи во пандемијата на коронавирусот.

Британскиот премиер Борис Џонсон кажа дека тестирањето е неопходно за да не се загрози досегашниот успех на британската кампања за вакцинирање и постепеното попуштање на мерките.

„Бидејќи продолжуваме да постигнуваме добар напредок во нашата програма за вакцинирање и со нашиот план за внимателно попуштање на мерките кое е во тек, редовното брзо тестирање е уште поважно за да бидеме сигурно дека тие напори нема да бидат залудни“, соопшти Џонсон.

„Затоа сега нудиме бесплатни брзи тестови за сите во Англија“, наведе британскиот премиер и им порача на граѓаните дека тоа ќе им помогне „повторно да можеме да ги гледаме саканите и да ги правиме нештата во кои уживаме“.

Компаниите со повеќе од 10 вработени ќе може да бараат брзи тестови за своите вработени, а редовното тестирање ќе продолжи и во училиштата. Поединци можат да се тестираат во локалните центри за тестирање или да нарачаат тест на домашна адреса.

Британија досега вакцинирала повеќе од половина од возрасните со вакцините на Астра Зенека и Фајзер, а отворањето на училиштата во март не доведе до пораст на заразата и покрај засиленото тестирање.

Џонсон денес треба да ги претстави нови планови за придвижување на економијата и нови правила за влегување во земјата.

Додека поголемиот дел од Европа повторно се затвора поради порастот на новозаразените, се очекува британскиот премиер да најави постепено попуштање на мерките во следните месеци.

Британија е тешко погодена во пандемијата со речиси 127.000 жртви на ковид-19 и има петти најголем број на смртни случаи, зад САД, Бразил, Русија и Индија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе