Ангела Меркел за првпат фотографирана со заштитна маска (ФОТО)

Германската канцеларка која носеше црна маска со логото на германското претседателство со Европската Унија, минатата недела беше прашана зошто не ги покрива носот и устата како што тоа го предвидуваат мерките за сузбивање на коронавирусот.

EPA-EFE

Фотографиите на кои Меркел носи маска беа снмени вчера вечерта.

Со неа е и премиерот на Саксонија-Анхалт Рајнер Хаселхоф, колега од конзервативната Христијанско-социјална унија (ЦСУ).

Меркел во понеделникот се бранеше кога за носењето маска ја праша новинар на заедничката конференција за новинарите со францускиот претседател Емануел Макрон.

EPA-EFE

Тогаш таа кажа дека досега не е видена со маска за лице, иако ја носи при купување намирници.

„Забележливо е дека не сме ве виделе со маска на лицето. Зошто?“, ја праша новинарот.

Меркел одговори: „Ако ги почитувам правилата за дистанца тогаш не ми треба маска. Но кога не го можам тоа, како на пример при одење во продавница, тогаш очигледно не сме налетале еден на друг инаку би ме виделе со маска“.

„Но, нема да ви кажам каде одам да купувам“, се насмеа канцеларката.

На канцеларката Меркел ѝ расте популарноста поради начинот на управување со коронакризата со која Германија многу подобро се носи отколку повеќето нејзини европски соседи благодарение на интензивното тестирање, робусниот здравствен систем и големите пакети за помош на економијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе