На самитот на НАТО

Ангела Меркел му врати на Доналд Трамп

Германија донесува независни одлуки, рече канцеларката како одговор на тврдењето на Доналд Трамп дека е контролирана од Русија.

Ангела Меркел возврати на неверојатната тирада на Доналд Трамп против Германија на првиот ден од самитот на НАТО во Брисел, негирајќи дека нејзината земја е „целосно контролирана“ од Русија и велејќи дека таа носи свои сопствени независни одлуки и политики.

На малку поучтив јазик од претседателот на САД, германската канцеларка укажа дека нејзе не ѝ требаат лекции по справување со авторитарни режими, потсетувајќи дека била воспитана во Источна Германија кога била дел од сферата на влијание на Советскиот Сојуз.

Пристигнувајќи во седиштето на НАТО само неколку часа откако Трамп ја критикуваше Германија, Меркел рече: „Лично имам искусено како дел од Германија беше контролиран од Советскиот Сојуз. Многу сум среќна што денес сме обединети во слободата, Сојузна Република Германија. Поради тоа можеме да кажеме дека сами ја градиме својата независна политика и носиме независни одлуки. Тоа е многу добро, особено за луѓето во источна Германија“.

Таа, исто така, возврати на критиките на Трамп дека Германија малку придонела за европската одбрана. „Германија прави многу за НАТО“, рече таа.

„Германија е втор најголем снабдувач на војници, најголемиот дел од нашиот воен капацитет му се нуди на НАТО и до денес имаме силен ангажман во Авганистан. Во тоа ние ги браниме и интересите на САД“.

Претходно американскиот претседател го обвини Берлин дека е „заробеник на Русите“ поради неговата зависност од снабдувањето со енергија.

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе