Ангела Меркел ја одби понудата на Гутереш - нема да работи во ОН

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која ја напушти функцијата во почетокот на декември, ја одби понудата за работа од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, соопшти нејзиниот кабинет.

Фото: ЕПА

Ангела Меркел „минатата недела му се јави на генералниот секретар на ОН, му се заблагодари за понудата и рече дека нема да ја прифати“, соопштија од нејзината канцеларија за АФП, потврдувајќи ги информациите што се појавија во медиумите.

Во соопштението не е прецизирано каков ангажман ѝ понудил Гутереш на поранешната германска канцеларка, но медиумите претходно објавија дека станува збор за претседавање со советодавниот комитет на ОН за глобални јавни добра, што е еден од неговите водечки реформски проекти.

Ангела Меркел, која долго време најавуваше пензионирање по германските парламентарни избори во септември 2021 година, во неколку наврати повтори дека не сака да преземе никаква нова функција по истекот на нејзиниот мандат.

Откако дефинитивно ја напушти политичката сцена на 8 декември, таа се посвети на пишување политички мемоари со својата поранешна советничка и блиска соработничка Беате Бауман.

„Нејзината цел е да ги објасни главните политички одлуки што ги донела за време на нејзините 16 години на власт“, рече нејзината советничка.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе