Ангела Меркел ги повика САД да го отворат пазарот на вакцини и да дозволат извоз

Германската канцеларка Ангела Меркел го повтори своето противење на укинувањето на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцините против коронавирус и ги повика САД да го отворат „пазарот" и да дозволат извоз на вакцини и нивни состојки.

Фото: ЕПА

„Се надевам дека сега кога голем дел од американското население е вакцинирано, можеме да имаме слободна размена на состојки и исто така отворање на пазарот на вакцини“, рече германската канцеларка на крајот од неофицијалниот самит на европските лидери.

Францускиот претседател Емануел Макрон исто така денес ги повика „Англосаксонците“ да престанат со „блокирање“ на извозот на вакцини.

Тој истакна дека од 110 милиони дози вакцини произведени во Европа, ЕУ извезе 45 милиони, а задржала 65 милиони, додека во исто време, 100 проценти од вакцините произведени во САД излегле на американскиот пазар.

Меркел повтори дека е против укинувањето на патентната заштита на вакцината против ковид, како што предлага администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Германската канцеларка рече дека не смета дека тоа ќе биде решение што ќе овозможи вакцините да бидат подостапни за поголем број луѓе.

„Мислам дека креативноста и иновативноста на компаниите им се потребни и тоа вклучува патенти“, додаде Меркел.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе