Берлин

Ангела Меркел ги осуди „суровите зборови“ на Макрон за НАТО

Германската канцеларка Ангела Меркел процени дека речникот што го употреби францускиот претседател Емануел Макрон бил суров и му пораче дека не го дели неговото гледиште.

И генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и германската канцеларка Ангела Меркел денес во Берлин ја истакнаа важноста на улогата на Германија во трансатлантската алијанса по состанокот на кој се разговараше за германската одбрана и за други прашања.

Столтенберг оцени дека Германија е „во срцето на НАТО“, додека Меркел рече дека НАТО е „камен темелник на безбедноста“ за Германија.

Меркел исто така ги осуди коментарите на францускиот претседател Емануен Макрон: „Ваквото гледиште не соодветствува со моето“, рече таа.

Макрон претходно, во интервју за британски Економист рече дека НАТО е на умирање, а Европа е на раб на бездна.

Тој ги предупреди членките на европските земји дека веќе не можат да се потпираат на САД, односно дека од Америка веќе не може да се очекува да застане во одбрана на земјите членки на НАТО.

„Она низ што минуваме во моментов може да се опише како клиничка смрт на НАТО. Европа е на работ на бездната“, рече Макрон.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе