Анархисти во Грција фрлија боја и димни бомби врз зградата на парламентот (ВИДЕО)

Триесетина припадници на анархистичката група Рубикон влегоа денес попладне во дворот на грчкиот парламент и фрлија црвена боја на фасадата на зградата, соппшти грчката полиција.

Припадниците на анархистичката група која во соопштение ја презема одговорноста за чинот, фрлија и две димни бомби пред да ги разбрка обезбедувањето. Засега никој не е приведен, потврди полицијата.

Претседателот на грчкиот парламент Никос Вуцис, кој во тоа време бил во зградата, за Франс прес чинот го нарече „екстремен и антидемократски“.

Рубикон во соопштението истакна дека фрлањето боја на парламентот е „знак на поддршка на праведната борба на комунистичкиот активист Димитрис Куфодинас кој штрајкува со глад“. Куфодинас е лидер на крајно левата организација „17 ноември“, распуштена во 2002 година, кој во затвор служи повеќе доживотни казни.

Тој неодамна беше префрлен во болница поради штрајкот со глад, кој го почна на 2 мај откако му беше одбиено барање за излегување во град.

Грчките власти во последните две години одобриле шест слични барања и така се најдоа на мета на критики на британската и американската амбасада, како и на семејствата на жртвите на нападите на организацијата „17 ноември“.

Организацијата меѓу 1975 и 2000 изврши десетици напади во кои беа убиени 23 лица, меѓу кои и шефот на канцеларијата на ЦИА во Грција Ричард Велч, грчки претприемачи, турски дипломати и британски воен аташе.

Пред пет дена црвена и црна боја беа фрлени и пред резиденцијата на американскиот амбасадор во Грција.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе