Амнести Интернешнл му се извини на Навални

Амнести Интернешнл (АИ) во петокот му се извини на затворениот критичар на Владимир Путин, Алексеј Навални за повлекување на статусот „затвореник на совеста" и рече дека ќе му го врати.

Фото: ЕПА

АИ на 24 февруари објави дека ќе престане да го нарекува Навални „затвореник на совеста“ затоа што во минатото давал коментари кои заговарале омраза.

„По внимателна проценка, АИ одлучи да го врати статусот ‘затвореник на совеста’ на Алексеј Навални“, се вели во соопштението испратено до Ројтерс.

Амнести Интернешнл ги обвини руската влада и нејзините приврзаници дека ја користат одлуката од 24 февруари за понатамошно кршење на правата на Навални, најгласниот критичар на претседателот Владимир Путин.

Рускиот опозициски политичар (44) беше уапсен во јануари и осуден на затворска казна поради кршење на условната казна што тој ја нарече измислена.

„Амнести Интернешнл донесе погрешна одлука ... и се извинува за негативното влијание што го имаше врз Алексеј Навални лично и врз активистите во Русија и целиот свет кои неуморно водат кампања за неговата слобода“, додаваат тие.

Леонид Волков, близок соработник на Навални, напиша на Твитер дека „способноста да се препознаат грешките и движењето напред е најважното нешто што ги разликува нормалните луѓе од Путин“.

Навални беше критикуван за претходни националистички изјави против илегалната имиграција и за учество на годишниот националистички марш пред неколку години.

АИ објави дека го преиспитал својот процес на назначување на луѓе „затвореници на совеста“ и повеќе нема да го отстранува тој статус само заради минато однесување.

„Некои претходни изјави на Навални се за осуда и ние воопшто не ги одобруваме... со потврдувањето на статусот на Навални како ‘затвореник на совеста’, ние не ја поддржуваме неговата политичка програма, туку ја потенцираме итната потреба за почитување на неговите права“, додаде АИ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе