Американското министерство за правосудство му наложи на Трамп да ги предаде даночните пријави

Даночните пријави на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, кои досега одбиваше да ги објави, мора да му се предадат на одборот на Конгресот, нареди американското министерство за правосудство.

EPA-EFE

Одборот за буџет на Претставничкиот дом изнел доволно причини кога побарал да му се предадат даночните пријави на поранешниот претседател и министерството за финансии мора да му ги приложи тие информации, оцени министерството за правосудство.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси со одобрување ја дочека таа одлука, кажувајќи дека пристапот до документите е прашање на национална безбедност.

„Американскиот народ заслужува да ги знае фактите за неговите загрижувачки конфликти на интерес и за поткопувањето на нашата безбедност и демократијата додека ја вршеше претседателската должност“, кажа Пелоси, лидерката на демократите во Конгресот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе