Американските вселенски сили објаснија зошто имаат маскирни униформи (ФОТО)

Новиот род на американската војска, Вселенски сили (Space Force), ги претстави своите маскирни воени униформи, кои предизвикаа потсмев на социјалните мрежи.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој на крајот на минатата година го најави нивното формирање, на својот профил на Твитер објави фотографија од униформите на вселенските сили.

Станува збор за маскирни воени униформи што го имаат вообичаениот маскирен шаблон за во шума, со ознаки пришиени на рамото и градите.

Униформите за многу кратко време меѓу корисниците на социјалните мрежи предизвикаа исмејување.

Најчести беа прашањата „Дали е ова камуфлажа за во вселената?“, „Имаат ли тие видено како изгледа вселената?“ и „Колку стебла очекуваат да најдат во вселената?“.

Веднаш реагираше командата на Вселенските сили.

Таа на Твитер објави дека користат постоечки воени униформи за да ги заштедат парите за дизајнирањето и шиењето на новите.

„Припадниците на вселенските сили ќе изгледаат исто како нивните колеги со кои ќе соработуваат на Земјата“, се истакнува во соопштението.

Вселенската команда засега нема да ги испраќа своите припадници во вселената. Тие ќе бидат задолжени за надгледување и чување на повеќе стотици сателити за комуникација и разузнавање.

Вселенските сили беа формирани во декември минатата година. Американскиот претседател објасни дека овој род ќе ѝ помогне на американската војска во „спречување агресија на најновото бојно поле“.

Американската влада за финансирање на вселенските сили во првата година издвои 40 милиони долари, а ќе ги сочинуваат околу 16.000 припадници на воздухопловните сили и цивилен персонал.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе