Американските војници од Сирија се повлекоа во Ирак (ВИДЕО)

Американските трупи влегоа во Ирак од Сирија преку граничниот премин Сахела во северната покраина Дохук, јави Ројтерс.

На објавените снимки се гледа како оклопни возила со војници влегуваат во Ирак, во рамки на американското повлекување од Сирија. Репортерот на Ројтерс видел како границата ја минуваат повеќе од 100 возила.

Извори од силите на ирачките Курди исто така на агенцијата ѝ потврдија дека американските сили влегле во полуавтономниот регион Курдистан во Ирак.

Влегле околу 30 хамери со приколки со тешка опрема и војници во транспортери.

Друг безбедносен извор во Мосул исто така потврдил дека американските сили преминале во Ирак преку Сахела.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер кажа во саботата дека вкупно околу 1.000 војници ќе се повлечат од северна Сирија и дека се очекува да се преместат во западен Ирак за да ја продолжат кампањата против милитантите на Исламска држава и да „помогнат да се одбрани Ирак“.

Сирија е пред ризик на нова голема криза поттикната од овомесечната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на сите 1.000 војници од северна Сирија, мерка која беше критикувана во Вашингтон како предавство на лојалните курдски сојузници кои со години се бореа со американските сили против џихадистите на Исламска држава.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе