Американските војници кои нема да се вакцинираат би можеле да бидат отпуштени

Офицерите на американската војска кои ќе одбијат да се вакцинираат против коронавирусот би можеле да бидат суспендирани од своите должности, а потенцијално и отпуштени, објави американската војска. Откако Управата за храна и лекови целосно ја одобри вакцината на Бајонтек/Фајзер, министерот за одбрана на САД Лојд Остин нареди дека сите активни членови на мора да се вакцинираат.

EPA-EFE

Војската кажа дека почнала да ја спроведува оваа наредба на крајот на август, додавајќи дека војниците може да побараат да бидат изземени врз основа на валидни медицински, религиозни или административни причини. Меѓутоа подофицерите и офицерите на командни позиции кои ќе одбијат да се вакцинираат ќе се соочат со суспензија или отпуштање ако ја одбијат наредбата, објасни војската во соопштение.

„Војниците кои ќе одбијат вакцина најпрво ќе бидат советувани во својата команда, по повторената непослушност би резултирала со парична или дисциплинска казна која вклучува суспензија или отказ“, се наведува.

„Ова е буквално прашање на живот и смрт за нашите војници, нивните семејства и заедниците во кои живееме“, кажа генералот Рејмонд Скот Дингл, наведувајќи ја загриженоста околу ширењето на многу заразната делта варијанта на коронавирусот.

Од минатата недела, американското министерство за одбрана пријави над 353 илјади случаи на зараза меѓу својот персонал и над 450 смртни случаи. Војската сега очекува нејзините активни единици во целост да се вакцинираат до 15 декември, а резервните единици и Националната гарда до 30 јуни следната година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе