Втор ден по ред

Американските трупи со солзавец против демонстрантите кои со камења фрлаат на амбасадата (ФОТО+ВИДЕО)

Американските трупи пукаат солзавец втор ден по ред за да ги растераат демонстрантите собрани пред американската амбасада во главниот град на Ирак, Багдад.

Американската агенција АП објави дека десетици проирански милитанти и нивни приврзаници кампувале преку ноќ пред вратите на амбасадата, еден ден откако упаднаа во објектот, ја уништија зоната за прием и искршија прозорци.

Американските маринци кои ја чуваат амбасадата испукаа солзавец откако демонстрантите запалија оган на покривот на рецепцијата, пренесува АП, додавајќи дека од зградата се кревал чад.

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран за нападот врз американската амбасада во Багдад.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави дека САД распоредиле дополнителни 750 војници на Блискиот исток како одговор на насилните протести и напади врз амбасадата на САД во Багдад.

Нападот врз амбасадата се случи откако американските војници во неделата во Ирак и Сирија изведоа воздушни напади над радикалната група Катаиб Хезболах, паравоена единица поддржана од Иран, која САД ја обвинуваат за напад врз ирачка воена база во петокот, при што е убиен и американски изведувач.

Пентагон соопшти дека целеле три локации на шиитската муслиманска милиција во Ирак и две во Сирија, вклучително и складишта за оружје што групата ги користела за планирање и извршување напади врз силите на коалицијата предводена од САД.

Тогаш биле убиени 25 војници од таа единица.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе