Американските сили ја напуштија базата Баграм во Авганистан (ВИДЕО)

Американските сили се повлекоа од својата главна воена база во Авганистан, кажа американски безбедносен функционер, во согласност со договорот со талибанците со кој се регулира повлекувањето на сите американски трупи од земјата по дваесетгодишната војна.

EPA-EFE

„Сите американски војници и припадници на силите на НАТО ја напуштија воздухопловната база Баграм“, кажа високиот американски безбедносен функционер, под услов да остане анонимен.

Американската војска ги координираше воздушните напади и логистичката поддршка на војната од воздухопловната база Баграм, околу 60 километри северно од Кабул, а повлекувањето на силите го симболизира крајот на американската војна во Авганистан.

Базата ѝ се предава на авганистанската влада, додека нејзините оружени сили се соочуваат со сè поголем притисок од талибанците.

Авганистански функционер кажа дека базата ќе ѝ биде официјално предадена на владата на свеченост во сабота.

Други американски безбедносни извори соопштија неделава дека поголемиот дел од американскиот воен персонал најверојатно ќе замине до 4 јули, а преостанатите војници ќе ја штитат амбасадата.

Минатиот месец американскиот претседател Џо Бајден му кажа на авганистанскиот претседател Ашраф Гани дека „Авганистанците ќе мора да одлучат за својата иднина, што сакаат“.

Гани кажа дека неговата работа сега е да „се справи со последиците на американското повлекување“.

Договорот со талибанците за повлекувањето на САД беше постигнат за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп.

Во замена за повлекувањето на САД талибанците ветија дека ќе спречат каков било меѓународен тероризам од територијата на Авганистан, а се обврзаа и да почнат разговори со своите авганистански соперници, но во преговорите е постигнат многу мал напредок.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе