Американските републиканци објавија реклама во која гори демократска конгресменка (ВИДЕО)

Одборот за политичко дејствување близок до Републиканската партија за време на вчерашната дебата на демократските кандидати објави контроверзна телевизиска реклама во која гори во пламен фотографија на младата демократка Александрија Окасио Кортез.

Одборот наречен „Нови лица за старата партија“ го почна некогашната републиканска кандидатка за пратеничко место во Конгресот Елизабет Хенг со цел „огледување нова генерација републиканци“, јавува Њујорк пост.

Во рекламата фотографијата на младата демократка гори додека Хенг кажува: „Ова е лицето на социјализмот“.

„Ги познава ли Александрија Окасио Кортез ужасите на социјализмот? Мојот татко минути го делеа од смртта во Камбоџа пред животот да му го спаси присилен брак. Тоа е социјализмот: присилување на послушност. Гладување“, зборува Хенг додека во рекламата се прикажуваат фотографии од човечки черепи од еден логор на смртта на Црвените Кмери во Камбоџа.

„Моето лице е лице на слободата, мојата кожа не е бела. Јас не сум насилна, не сум расистка ниту социјалистка“, додава во рекламата.

Окасио Кортез за рекламата се изјасни на Твитер: „Животот е чуден! Републиканците пуштаат реклами со мојата фотографија во пламен за да докажат дека не се расисти“.

Таа додаде и дека смета дека целта на спомнатата реклама е да се добие наклонетоста на гласачкото тело сочинето од бели расисти.

Дел од корисниците на Твитер застанаа во одбрана на младата демократка критикувајќи ја телевизијата Еј-би-си што дозволила прикажување на рекламата.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе