Американските разузнавачки служби: Русија ширела лаги за Бајден пред претседателските избори

Русија преку сојузници на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обидела да влијае врз американските претседателски избори во 2020 „со лажни и неосновани обвинувања“ против Џо Бајден, открива извештај објавен денес, а во помала мера се обидел да се вмеша и Иран.

EPA-EFE

Тоа е заклучокот на 15 страници за влијанието врз изборите кој го објави кабинетот на директорката на Националната разузнавачка агенција. Во него се тврди дека сојузници на Трамп работеле за Москва кога ширеле тврдења против Бајден преку луѓе од Украина поврзани со Русија, пренесува Ројтерс.

Бајден и неговиот син Хантер, директор во правниот одбор на Бурисма, приватна украинска енергетска компанија, често се обвинувани за коруптивни дејства во таа земја и во Кина, што двајцата го отфрлаат.

Бајден на крајот го победи Трамп и на 20 јануари стана новиот американски претседател, а обвинителите на сојузната држава Делавер еден месец по изборите отворија истрага на даночните пријави на Хантер Бајден.

Американските разузнавачки агенции во новиот извештај нашле и други обиди за влијание врз гласачите, вклучувајќи операција на Иран со која таа држава сакала да ја поткопа поддршката за Трамп.

Во извештајот се зборува и за обид на сојузниците на Трамп да ги прошират тврдењата дека Кина влијае врз изборите во корист на Бајден, но се отфрла дека Пекинг тоа навистина го направил.

„Кина сакала стабилност во својот однос со САД и не сметала дека некој исход на изборите ѝ носи доволно предност за да ризикува обиди за влијание и да биде фатена во тоа“, се наведува во извештајот.

Американските разузнавачи тврдат дека на изборите се обиделе да влијаат и Куба, Венецуела и либанското движење Хезболах, иако тие обиди биле помали од тие на Иран и Русија.

Американската разузнавачка заедница и поранешниот специјален истражувал Роберт Малер во 2019 објавија извештај во кој заклучија дека Русија влијаела и на изборите во 2016 во корист на Трамп, напаѓајќи ја неговата противкандидатка Хилари Клинтон, пишува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе