Над три илјади војници

Американските НАТО трупи нема да се повлечат од Косово

Американските трупи нема да бидат повлечени од Косово, иако Пентагон го почна планираното повлекување на американските трупи од Ирак и Авганистан.

EPA-EFE

Оваа вест ја потврдил извор од НАТО, наведувајќи дека не очекува истото да се случи со војниците на Косово, јавува Косово онлајн, повикувајќи се на порталот Зери.

Од НАТО велат дека сојузниците се посветени на одржување на своите сили во мисијата КФОР, која се состои од повеќе од три илјади војници.

„Редовно вршиме проценка на нашата мисија КФОР и врз основа на тоа сите сојузници се сложуваат дека треба да ги одржиме моментални сили од околу три илјади војници. Во согласност со мандатот на ОН, нашата мисија КФОР ќе продолжи да работи на мирното и безбедно опкружување, и слободата на движење на сите заедници на Косово“, изјави неименуван функционер на НАТО.

За НАТО, како што се наведува, е важен дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој целосно го поддржуваат.

„НАТО го поддржува продолжувањето на дијалогот со посредување на ЕУ меѓу Белград и Приштина. Тоа е од критично значење за Белград и Приштина, но и за регионалните мир и стабилност“, додаде претставникот на НАТО.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе